14 ноември – СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТОТ
Светскиот ден на дијабетот претставува светска кампања за подигање на свеста за шеќерната болест. Се одбележува секоја година на 14 ноември. Со сите активности раководи Светска организација за борба против дијабетот – International Diabetes Federation, IDF – www.idf.org). Секоја година кампањата има тема, која ја избира IDF.
Темата на Светскиот ден на дијабетот за периодот помеѓу 2009 до 2013 година е едукација и превенција на дијабетот. Оваа широка и долгорочна тема ќе им овозможи на сите, за дијабетот заинтересирани страни, да учествуваат во кампањата.
Светскиот ден на дијабетот се празнува секоја година на 14 ноември. Датумот е избран поради тоа што го одбележува роденденот на Dr. Frederick Banting, кој заедно со Dr. Charles Best, е заслужен за откривањето на инсулинот во 1921 година.
Светскиот Ден на дијабетот е создаден од страна на Светска организација за борба против дијабетот (IDF) и Светската здравствена организација (СЗО) во 1991 година, како одговор на загриженоста поради ескалацијата на инциденцата на дијабетот во целиот свет.
Светската организација за борба против дијабетот ја води кампањата за Светскиот ден на дијабетот со тоа што обработува теми, го води глобалниот веб-сајт, ги создава сите материјали и е двигател на глобалната интероперативност.
Кампањата ги повикува сите оние кои се одговорни за дијабетот да ја разберат болеста и да превземат контрола над неа.
- За луѓето со шеќерна болест, ова е порака за подобрување на болеста, преку подобро информирање за неа.
- За владите, ова е повик за имплементација на ефективни стратегии и политики за превенција и управување со шеќерната болест, со цел да се заштити здравјето на нивните граѓани и да се намали ризикот од дијабет.
- За здравствените провајдери, ова е повик да се подобри знаењето, така што препораките базирани на докази ќе се стават во пракса.
- За општата јавност, ова е повик да се разбере сериозноста на дијабетот и да се знае, каде е тоа можно, како да се избегне или одложи настанувањето на дијабетот и неговите компликации.
Клучните пораки на кампањата се:
- Дознај ги ризиците за дијабетот и знаците на предупредување
- Дознај како да одговориш на дијабетот и на кого да се обратиш за помош.
- Дознај како да се справиш со дијабетот и како да превземеш контола над болеста.
Светскиот ден на дијабетот го има како лого синиот круг. Синиот круг е глобален симбол на шеќерната болест и го симболизира единството на глобалната заедница за дијабетот, како одговор на дијабичната пандемијата