15-ти февруари – Национален ден на децата болни од малигни болести

15-ти февруари – Национален ден на децата болни од малигни болести

Националниот ден на децата заболени од малигни болести се одбележува на 15 февруари, како потсетник на тешките заболувања, од кои во Европа годишно заболуваат околу 16 500 деца на возраст до 15 години.

За прв пат 15 февруари е прогласен за Националниот ден на децата заболени од малигни болести во 2002-тата година и од тогаш секоја година се одбележува во многу земји во светот.

Малигните болести во детската возраст се ретки, но сепак претставуваат втора причина за смрт на децата, по сообраќајните несреќи. Малигните заболувања кај децата имаат посебна социо-медицинска димензија, бидејќи го погодуваат семеството, кое претставува примарно опкружување на болното дете и во кое е нужно на детето да му се пружи љубов и адекватна нега. Затоа е важно да им се помогне на родителите во надминувањето на потешкотиите со кои тие секојдневно се соочуваат.

Целтa на денот е да им помогне на децата болни од рак да добијат најдобар можен третман и нега, без разлика каде живеат во светот, како и подигање на свеста за ракот кај децата и обезбедување на финансиски средства за истражувања и нови поефикасни третмани.