17 ноември – Национален Ден без Цигара!

17 ноември – Национален Ден без Цигара!

Секоја година Американското здружение за рак (American Cancer Society, ACS) го одбележува Националниот ден без пушење (Great American Smokeout). Секој третти четврток во ноември е Ден без пушење. Оваа година, Денот без пушење(No Smoking Day) ќе се одбележи на 17 ноември.

Целта на настанот е да се одвои еден ден за да им се помогне на пушачите барем тој ден да престанат да пушат, со надеж дека тие трајно ќе се откажат од пушењето. Овој настан не само што ги поттикнува луѓето да престанат да пушат, туку помага и да се подигне свеста за опасностите од пушењето и нуди многу ефикасни начини за трајно откажување од пушење.

Истражувањата покажуваат дека пушачите се најуспешни во искоренувањето на навиката, кога тие имаат поддршка од ченовите на семејството, пријателите, матичните лекари, едукативни книги, лекови за лекување на никотинската зависнот.

Како започнало одбележувањето на Денот без цигара

Во 1971 година, Artur Mullaney, жител на Масачусетс, ги поттикнал луѓето да се откажат од пушење само за еден ден и да ги донираат парите што би ги потрошиле за цигари во локалното средно училиште.

Lin Smit, уредник на весникот „Monticello Times“ го креирал првиот „Д-Денот“ (Ден без пушење) во Минесота. Идејата веднаш била прифатена со големо воодушевување и ентузијазам. Калифорнискиот огранок на Американското здружение за рак, охрабрило речиси еден милион пушачи да престанат да пушат за Д-Денот, 18 ноември во 1976-тата година. Со успехот во Калифорнија,

Американското здружение за рак настанот го подигнал на национално ниво во 1977 година. Од 1997-та година, националниот ден без пушење се одбележува секоја година. Оваа година Денот без цигара, на национално ниво, ја слави својата 34 годишнина, иако за прв пат почнал да се одбележува уште во далечната 1971 година.