Активности кои можат да го намалат ризикот од старосната деменција

Активности кои можат да го намалат ризикот од старосната деменција

Вежбајте го мозокот!

Се е поголем бројот на лицата кои во постарата возраст патат од проблеми со меморијата, но новата студија препорачува три вида на активности кои го „ вежбаат“ мозокот и го подобруваат памтењето.

Според резултатите од истражувањето, кои биле спроведени во Универзитетот Concordia во Монтрал, постојат три начини кои нашиот мозок ќе го држат во форма и ќе не одбранат од деменцијата.

Вежби за мозок

    Бавете се со активности кои го подобруваат функционирањето на мозокот. Може да изберете активности како решавање на загонетки, сложување на слики (puzzle игри), шах, или отидете во театар или читајте литература со теми кои се бават со актуелни настани.

    Стимулација на мозокот со различни активности

      Не повторувајте постојано исти ментални активности, воведувајте мали промени во рутината.

      Подобрете го расположението

        Ако сте лошо расположени, превземете чекори за да би се чувствувале подобро. Може да ви помогне некоја физичка активност, како пливање, пешачење, одење во природа, дружење со своите пријатели.

        “Периодот на пензионирањето обично настапува во периодот кога ќе се појават и првите проблеми со когнитивните функции. Од оваа причина, важно е да се разбере и да се идентификува што се случува со здравјето на нашиот мозок во текот на овој период и на време да се информираме за факторите кои ќе не заштитат од појавата на деменција“, изјавил Larry Baer, еден од авторите на студијата.