Десет нови студии го потврдиле позитивниот ефект на чајот врз нашето здравје
Десет нови студии покажале дека пиењето на чај можеби е најпаметната одлука за да се подобри здравјето. Новообјавените студии покажуваат дека чајот е одличен за губиток на вишокот на килограми, исто така, го спречува развојот на некои видови на рак и други хронични болести. Додаток на сето ова е и тоа што пиењето на чај го подобрува расположението.
Експертите од Американскиот оддел за агрикултура имаат повеќе докази
„Научниците кои придонеле за овие сознанија се меѓу најдобрите во светот. Земајќи се во предвид, овие истражувања и сознанија неверојатно ги забрзала научните сознанија во врска со чајот и нашето здравје“изјавил Jeffrey Blumberg, уредникот на публикацијата.
Истражувањата објавени во списанието „Medical News Today“сметаат дека не е битно дали пиеме ладен или топол чај, ефектите се исти.
Што велат истражувањата?
Истражувачите заклучиле, проучувајќи ги полифенолите (природни компоненти на чајот), дека тие го зголемуваат нивото на енергијата и ги согоруваат маснотиите во телото.
Луѓето кои конзумирале зелен чај изгубиле во просек од 1,3 килограми во период од 12 недели, но при тоа внимавајќи и на начинот на исхраната.
Полифенолите од зелениот чај ја намачуваат прогресијата на некои заболувања. Во една студија научниците откриле дека од рак на простата заболеле 3% мажи кои секојденвно пиеле чај. Спротивно на тоа, 30% мажи кои земале плацебо заболеле од рак на простата.
Студијата спроведена во Италија покажува дека црниот чај го намалува крвниот притисок, а исто така го намалува негативниот ефект од консумирањето на премногу масна и нездрава храна.
Консумирањето на чај ги зацврстува коските, а особено помага кога станува збор за почеток на остеопороза. Исто така, забележено е дека една шоља чај на ден ја подобрува концентрацијата.