Хируршки методи, д-р M. Кузманоски
Хируршки методи во креирањето на уретро-везикалната анастомоза кај лапароскопската радикална простатектомија и екстраперитонеална радикална простатектомија и компарација на двете техники – следејќи ја нејзината непропустливост постоперативно на цистограм и времето на вадење на катетерот
Вовед
Споредени се две хируршки техники во креирањето на уретро-везикалната анстомоза кај 204 оперирани пациенти во 2007/08г. Сите уретро-везикални анастомози беа направени под водство на двајца искусни лапароскопски оператори, во две групи- со 6-8 поединечни шевови или два продолжени шевови. Споредбата е направена преку следењето на цистограмот постоперативно и времето на вадење на катетерот.
Методи
Пациентите беа поделени во две групи. Сите пациенти беа оперирани лапароскопски(интраперитонеално) или екстраперитонеално, при дијагностициран локализиран рак на простатата (PT2 a, b, c) кај 62% и локално инвазивен рак(pT3a, b) кај 38%. Пациентите со позитивни лимфни жлезди беа исклучени од студијата.Кај сите пациенти направен е цистограм петтиот постоперативен ден и доколку не постои пропустливост на цистограмот катетерот е изваден истиот ден.