Изведена „Da Vinci“ роботизирана тотална ларингектомија
Група француски доктори, со помош на роботизираниот хируршки систем „Da Vinci“, извршила целосно одстранување на гркланот (тотална ларингектомија) кај пациент со рак на грклан (ларинкс).
Операцијата била изведена во болницата „Georges-Pompidou“ и траела четири и пол часа.
Екипата доктори од болницата „Georges-Pompidou“, со која раководи Prof. Dr. Daniel Brasn, претходно извршила повеќе од 30 парцијални операции на вадење на гркланот (парцијална ларингектомија) и на голтникот (парцијална фаринготомија).
Докторите изјавиле дека во споредба со конвенцијалниот метод, новиот метод овозможува целосно вадење на заболениот орган, избегнување на поголеми хируршки резови на кожата и мускулите на вратот и полесно правење на шевови на ждрелото.