Клетките на ракот на јајчникот ги напаѓаат околните ткива за да го стимулираат растот на туморот

Клетките на ракот на јајчникот ги напаѓаат околните ткива за да го стимулираат растот на туморот

Туморскиот раст зависи од интеракциите помеѓу клетките на ракот и околното здраво ткиво. Стромалните клетки може да го стимулираат растот на туморските клетки.

Сепак, сеуште не е јасно дали туморските клетки можат да влијаат на стромалните клетки. Истражувачите откриле дека клетките на ракот на јајчникот го активираат генот HOXA9 како би ги принудиле стромалните клетки да создадат опкружување кое го поддржува растот на туморот.

Научнците откриле дека експресијата на HOXA9 генот е поврзана со лошата прогноза кај пациентите со рак и кај лабораториските глувци со тумор на јајчник. Експресијата на генот HOXA9 во клетките на ракот на јајчникот предизвикала поголема продукција на протеинот наречен TGF-β. TGF-β потоа ги стимулира здравите клетки да создадат средина која го поттикнува растот на туморот. Блокирањето на експресијата на TGF-β во клетките на ракот на јајчникот значително го намалува растот на туморот.

Овие откритија ја зголемуваат можноста за развој на лекови за лекување на ракот на јајчникот.

Студијата била објвена во научното списание „Journal of Clinical Investigation“.