Напреднатата болест на непцата може да го зголеми ризикот од рак на глава и врат!

Напреднатата болест на непцата може да го зголеми ризикот од рак на глава и врат!

Здравствени ризици поврзани со хроничната пародонтопатијата (заболување на непцата) е многу поголема отколку што претходно се мислеше.

Со години истражувачите предупедуваат дека хроничниот пародонтит може да предизвика срцеви заболувања. Сега, новата студија покажува дека заболувањата на непцата можат, исто така, да бидат фактор на ризик и за развој на рак на главата и вратот.

Во истражувањето учествувале вкупно 473 испитаници, 266 биле пациенти со карцином на глава и врат кои биле лекувани во периодот помеѓу 1999 и 2005 година, а 207 биле здрави лица (контролна група).

Парадонтоза претставува хронично, подлабоко воспаление на непцата и соседните ткива. Се карактеризира со губиток на алвеоларната коска, кој може да се види со помош на ренгенска снимка. Алвеоларната коска го сочинува лежиштето на забите, кое го опкружува коренот на забот, држејќи ги во место. Губењето на алвеоларната коска доведува до напредната парадонтоза.

Симптомите на парадонтозата се: воспаление на непцето и на парадонтот (подлабоките соседни ткива), вклучувајќи го и коскеното ткиво, проследено со оток и црвенило на непцето, зголемена чувствителност на непцето и крварење. Непцето се одвојува од забите. На таков начин, забите изгледаат подолги, помеѓу забите се појавуваат отвори, помеѓу забите и непцата се лачи гној, непријатен мирис од устата, а во подоцнежната фаза доаѓа до испаѓање на забите.

Со секое намалување на алвеоларната коска за милимитар, ризикот од развој на рак на глава и врат се зголемува четирикратно, покажало најновото истражување. Оваа поврзаност била забележена и кај лицата кои никогаш не консумирале алкохол и не пушеле.

Начин да се превенира пародонтопатијата е да се открие навреме и да се отпочне со нејзино навремено лекување. Докажана е и наследната предиспозиција за равој на оваа болест. Затоа лицата кои имаат позитивна анамнеза (близок член на семејството болен од парадонтоза) треба почесто да одат на редовни контролни прегледи и тоа од најмала возраст, за да се открие болеста во нејзиниот почетен стадиум, но и да се превземат потребните превентивни мерки

Истражувањето е објавено во научното списание „Cancer Epidemiology, Biomarkers, and Prevention“.