Прва дозвола за клонирање на човечки клетки
Австралиската Влада им ја издала првата дозвола на своите научници за клонирање на човечки ембриони и за обид за создавање матични клетки од ембрион, кои би биле користени за тераписки цели.
До сега научниците од цел свет произвеле нешто слично на ембрионални матични клекти користејќи различни техники, но никој до сега не можел да извлече ембрионална матична клетка од клониран човечки ембрион.
Во декември 2006 година во Австралија е укината забраната за истражување на клонирани клетки.
Во светот, и во Австралија, истражувањето на човечките клонирани клетки може да се спроведе единствено за тераписки цели, а не за репродукција.
Создадените матични клетки би се користеле за нови терапии во борба против некои заболувања, вклучувајќи ги тука и малигните, а подоцна и за произведување на ткиво кое би можело да го замени оштетеното или нефункционално ткиво кај болниот.