Зголеменото ниво на добриот холестерол – HDL го зголемува ризикот од настанување на ракот на дојката

Зголеменото ниво на добриот холестерол – HDL го зголемува ризикот од настанување на ракот на дојката

Познато е дека зголеменото ниво на HDL ткн. „добар холестерол“ штити од срцеви заболувања, но, исто така, тој може да го наруши здравјето на жените во друг поглед. Утврдено е дека покачениот HDL е поврзан со зголемениот ризик за развој на ракот на дојката.

Американските експерти го проучувале ефектот на HDL врз клетките на ракот и тоа на молекуларно ниво. Научниците ги изложиле малигните клетки на HDL и забележале дека при тоа се активирале сигналните патишта кои се вклучени во прогресијата на ракот. Истовремено, клетките на ракот почнале да мигрираат и да го имитираат процесот на создавање на метастази.

Истражувачите потоа ја ограничиле експресијата на HDL рецепторот наречен SR-BI во клетките на ракот , што резултирало со намалена активност на сигналните патишта, кои ја стимулираат прогресијата на туморот. Исто така, малигните клетки со помалку рецептори SR-BI покажале намалена стапка на пролиферација и способност за миграција од малигните клетки со нормален број на SR-BI. Што е најважно, намаленото ниво на HDL и ограничената експресија на SR-BI рецепторите се поврзани со намалување на создавање на туморски клетки.

„Ако успееме да ја блокираме активноста на HDL рецепторот кај ракот на дојката, можеби ќе бидеме во можност да го ограничиме негативениот ефект на HDL (добриот холестерол) и истовремено да го задржиме она ниво на добриот хиолестерол, кое е корисно за здравјето на крвните садови“, изјавил водачот на истражувањето Philippe Frank, биолог при Катедрата за биохемија и молекуларна биологија на Томас Џеферсон Универзитетот.

Студијата од истражувањето била објавена во научното списание „Breast Cancer Research“.