• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кога е зголемена седиментацијата на еритроцитите? Печати

Седиментацијата на еритроцитите (SE) е една од првите,ако не и прва лабораториска анализа на крвта која почнала да се користи во современата медицина. Седиментацијата на еритроцитите ја претставува брзината со која се тложат еритроцитите во посебно конструирана стаклена цевчичка. Се изразува во милиметри на таог на еритроцити во една врменска единица. До неодамна вредноста на седиментацијата се изразувала во првиот и во вториот час, но сега е напуштено мерењето на седиментацијата во вториот час. Денес споредувањето на резултатите кај ист пациент се добиваат со споредување на двте седиментации, кои се прават во тек на првиот час.

Во рутинската пракса многу поголемо значење има зголемената вредност на седиментацијата (SE).

Значењето на седиментацијата е во тоа што таа укажува на можност за постоење на органско заболување, но се користи и за пратење на текот на болеста.

Причина за забрзана седименација на еритроцитите

Причина за зголемената седиментација е зголемената количина на белковините во плазмата: фибриноген и глобиилини, кои имаат голема молекуларна маса. Оваа зголемена концентрација на белковините во плазмата се јавува при разни патолошки состојби, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања. Ова доведува до т.н. Rouleaux формација на еритроцити кои се таложат на дното. резултатите на тестот се изразуваат во милиметри на час.

Сензитивност и специфичност на тестот

Иако е многу неспецифична и несензитивна метода, седиментацијата и денес се одржала во рутинската практика.

Терминот неспецифична значи дека порастот на вредноста на SE не разјаснува за која болест точно станува збор, бидејќи многу болести се карактеризираат со пораст на вредностите на SE.

Од дуга страна пак, оваа метода е и несензитивна. Тоа значи дека седименацијата немора да е секогаш зголемени кога постои болест. Можно е дури и тешки, животно загрозуавачки заболувања да бидат пратени со сосема нормални вредности на седиментацијата.

Нормални вредности на седиментацијата

Под нормални вредности се сметаат следниве интервали:

Возрасни (Westergrin метода)

  • мажи под 50 годишна возраст: помалку од 15 mm/ час,
  • мажи над 50 годишна возраст: помалку од 20 mm/ час,
  • жени под 50 годишна возраст: помалку од 20 mm/ час,
  • жени над 50 годишна возраст: помалку од 30 mm/ час.

Деца (Westergrin метода)

  • новороденче: 0 - 2 mm/час,
  • деца до пубертет: 3 - 13 mm/час.

Има луѓе кои, од необјаснети причини, од раѓање имаат зголемена седиментација и никогаш во животот не им се открива заболување, кое би можело да ја објасни вака зголемената седиментација кај нив.

Зголемени вредности на седиментација

  • Анемија,
  • Бубрежни заболувања,
  • Остеомиелит,
  • Бременост,
  • Реуматска грозница
  • Реуматоиден артрит,
  • Сифилис,
  • Системски еритемски лупус,
  • Заболувања на штитната жлезда,
  • Туберкулоза,
  • Други воспалителни состојби.

Изразито зголемена седиментација (троцифрена)

  • „Giant cell“ артеритис,
  • Хиперфибриногенемија (зголемена концентрација на фибриноген во крвта),
  • Мултипли миелом,
  • Примарна макроглобулинемија,
  • Некротизирачки васкулитис,
  • Ревматична полимијалгија.

Намалени вредности на седиментацијата

  • Застојна срцева слабост,
  • Хипервискозност,
  • Хипофибриногенемија,
  • Хипопротеинемија,
  • Полицитемија,
  • Српеста анемија.

Состојби кои може да влијаат на промена на резултатот на седиментацијата

  • Алергиски васкулитис,
  • Атријален миксом,
  • Автоимун хепатит,
  • Ендометиритис,
  • Еризипел,
  • Јувенилен реуматоиден астритис,
  • Легионерска болест,
  • Воспаление на срцевата обвивка по инфаркт на срцето и др.