• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
7-ми Април, Светски ден на здравјето Печати

Светскиот ден на здравјето се прославува секоја година на 7 април, со што се и одбележува денот на основањето на Светската Здравствена Организација.

Светската Здравствена Организација, СЗО (World Health Organization, WHO) е посебна организација на Обединетите нации која делува како кординативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето на СЗО е во Женева, Швајцарија. СЗО ја основале Обединетите нации, на 7 април 1948 година. СЗО е наследник на Здравствената организација (Health Organization), агенција на Лигата на нациите.

СЗО секоја година избира клучен глобален здравствен проблем и на тој ден (7–ми април) организира меѓународни, регионални и локални манифестации, но и во текот на целата година, како би го истакнала значењето на избранатиот глобален здравствен проблем.

Во 2009 година, Светскиот ден на здравјето – 7-ми април се одбележува под слоганот:

„Спасете животи. Направете ги болниците безбедни во вонредните состојби“.

Светскиот ден на здравјето, во 2009-тата година се фокусира на безбедноста на здравствените капацитети (здравствени објекти) и спремноста на здравствените работници, кои ги лекуваат животно загрозените лица го вонредните ситуации.

7-ми април, Светскиот ден на здравјето, е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети. Оваа година, СЗО и меѓународните партнери, ќе ја нагласат важноста за инвестирањето во здравствената инфраструктура која може да се спротивстави на опасностите и ќе им пружи услуги на неодложните потреби на луѓето.

Темата го нагласува значењето на обезбедување на спремноста и прилагоденоста на здравствените капацитети да одговорат на опасностите и да им пружат помош на оние лица кои се дирекно загрозени, како и на околните заедници. Здравствените капацитети ги вклучуваат сите објекти и простории во кои се пружаат здравствените услуги, од високоспецијализираните болници на терциерно ниво, па до здравствените домови на примарни ниво.

Здравствените домови и здравствените служби се од витално значење за повредените лица во катастрофите (поплавите, земјотресите, јаките ветрови – урагани) – санирање на повредите, за превенирање на болестите и за грижата за здравствените потреби на луѓето.

Здравствените домови и здравствените служби се камен темелник за примарната здравствена заштита на заедницата – запоснавање со секојдневните потреби, како што се безбедно породување, имунизација и грижа за хорничните заболувања во тек на вонредните состојби. Често, веќе ослабените здравствени систени се немоќни да го одржат правилното функционирање за време на катастрофите (поплавите, земјотресите, јаките ветрови – урагани) што има моментални, но и идни јавно здравствени последици.

Светската Здравствена Организација се грижи за здравјето на човекот и со своите бројни активности ја подига свеста на човекот да се грижи за своето здравје.