• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Агрумите го намалуваат ризикот од мозочен удар!

Резултатите од најновото американско истражување покажале дека антиоксидансите наречени флавоноиди, кои ги има во агрумите (лимон, лимета, портокал, мандарина, грејпфрут), го намалуваат ризикот од настанување на крвни тромби, кои можат да доведат до мозочен удар.

Бројни истражувања го потврдиле антиоксидативното, антиканцерогеното и антивоспалителното дејство на флавоноидите.

„Флавоноидите го штитат срцето, бидејќи ги неутрализираат слободните радикали и ги инхибираат ензимите кои се вклучени во нивното создавање. Го намалуваат нивото на „лошиот“ (LDL) холестерол, триглицеридите и фибриногенот (протеин кои учествува во формирањето на крвните тромби). Истовремено, флавоноидите го подобруваат односот помеѓу „лошиот“ и „добриот“ холестерол, со што ефикасно се намалува ризикот од атеросклероза“, изјавиле истражувачите.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научното списание „Stroke“.

 

Најчитани наслови