Биофидбек
Биофидбек во борба против болката
Биофидбекот како тренинг се покажал многу успешен во намалувањето на болката. Сите видови на биофидбек можат да бидат корисни во примена на ова подрачје, во зависност од тоа за каква болка станува збор. На пример, примената на вежбање со помош на ЕМГ (електомиограм) е многу корисна кај оние лица кои имааат хронични мускулни тензии, како на пример болка во рбетот и слично. Дополнителните вежби на контрола на температурата можат да помогнат во релаксацијата. Познато е дека психолошките состојби директно влијаат на осетливоста за болка.
Стравот, анксиозноста и стресот ја зголемуваат веќе постоечката болка. На пример, ако брзо и плитко дишеме, имаме долги паузи во дишењето, или пак ако забрзано дишеме доаѓа до хипервентилација, односно се пореметува односот на кислородот и јаглеродниот диоксид во крвта, а со доа доаѓа и до појачување на болката и до намалена способност да ја поднесеме. Затоа е многу важен делот од биофидбек тренингот во совладувањето на болката со тренирање на правилното дишење.
Биофидбекот на мозочните бранови е посебно ефикасен кај оние механизми на болка кои потекнуваат од самиот нервен систем. Тоа посебно се однесува на хроничната болка која е врзана за понискиот праг на осетливост на болка, на преосетливост. Треба да се знае дека осетливоста на болката не е некоја а апсолутна величина, како на пример нивото на кислород во крвта. Луѓето се разликуваат по својата осетливост на болка. Болката е тоа што нашиот нервен систем ја доживува како болка. Тоа е што нашиот нервен систем, ако сме преосетливи, ќе го доживее како болка. Кај некои пак лица нема ни да се јави цувство на болка, бидејќи има понизок праг на осетливост. Тој праг на осетливост може да се подигне со вежбање со помош на биофидбек.
Биофидбек тренингот е научно заснован.
Биофидбек методот се применува повеќе од 50 години. Стотини студии ја потврдиле високата ефикасност на биофидбек тренингот. И без научните студии, потврдата за ефикасноста на биофидбек тренингот може да се види во период од 15 минути. Тој не се засновува само на субјективното доживување на човекот кој е на тренинг. Резултатите се објективни, мерливи со помош на инструменти и се очигледни за лицето кое е на биофидбек тренингот. Се покажуваат „во реално време“ – моментално да екранот на компјутерот. Тренингот се засновува на принципите на т.н. операционалното учење кое парадигма на современата психофизиологија. Овој тип на учење е заснован на законот на ефектот кој едноставно може да се изрази вака: Кога го надградувате некое однесување со тоа ја зголемувате веројатноста на неговото повторно јавување во иднина. При биофидбек тренингот оперантно условување се одвива такка што кандидатот се наградува за псотигнување на одредено ментално-емотивна сосстојба во која успева да одредени физиолошки функции и мозочни бранови да ги доведе до саканото ниво. Со биофидбек тренингот се овозмозува да учењето на ги контролираме физиолошките функции премине во автоматска навика. Така, ефектите на биофидбек тренингот стануваат трајни, стануваат автоматска, навикната вештина која се вклучува на првите сигнали на стрес, болка или други пореметувања на физиолошките функции.