„Лажно позитивен“ ПАП тест
На рутинскиот гинеколошки преглед ми беше направен и ПАПА тест. Наодот од Папа тестот ми беше „ЛАЖНО ПОЗИТИВЕН“. Што значи тоа?
Папа тестовите не се секогаш 100% точни. Можни се лажно позитивни или лажно негативни тестови. Ова може да биде збунувачко и вознемирувачко.
„Лажно позитивни“ резултат на Папа тестот значи кога на пациентката ќе и се каже дека има абнормални клетки на грлото на матката, а тие се, всушност нормални. Ако вашиот лекар ви каже дека вашиот резултат од Папа тестот е „лажно позитивен“ тогаш не треба да се грижите.
„Лажно негативен“ Папа тест е случај кога тестот покажува дека клетките на грлото на матката се нормални, кога всушност со клетките на грлото на матката постои проблем, кој е превиден. Но, одењето на редовни папа тестови ги подобрува шансите да се открие било каков проблем. Ако абнормалните клетки не се откријат во тек на едно тестирање, најверојатно тие ќе бидат откриени веќе во тек на следниот Папа тест.