Чудно чувство
Zdravo
Imam cudno cuvstvo na desnata strana od stomakot 4-5 cantimetri pod gradniot kos. Custvuvam kako da ne mozam da gi stegnam stomacnite muskuli vo toj del, gi cuvstuvam kako poslabi vo sporedba so levata strana, kako da se imaat malku povleceno navnatre. Ova ne bese slucaj pred nakolku meseci koga celiot stomak i muskuli bea vo sovrsena sostojba. P.S. bev na eho i ne mi najdoja nisto… Ako slucajno imate sretnato vakov problem, ili mozebi pretpostavuvate sto e, pisete.
Blagodaram.
Pozdrav
Што се однесува до твојот проблем, неможам ништо конкретно да ти кажам што е.
Секој симптом или знак кој се јавува, би требало детално да се испита. Тоа подразбира лекарски преглед т.е. детално земање на анамеза од страна на лекарот и детален физикален преглед по системи. Покрај тоа, важно е да се направат и рутински биохемиски испитувања на крвта, значи контролна крвна слика и седиментација, како и испитување на ензимите на црниот дроб, уреа, креатинин, електролити во крвта. Тоа донекаде може да помогне во поставувањето на дијагнозата, односно во откривањето на причината за твоите тегоби.
Според тоа како опишуваш, најверојатно се работи за некоја напнатост на мускулите, можеби е предизвикана од поголема физичка активност, од неадекватно седење при работењето, од промаја. Чувството што го имаш на 4-5 sm од десниот ребрен лак, може да биде поврзано и со црниот дроб, бидејќи тој е сместен под десниот ребрен лак, но велиш дека ехотомографскиот преглед бил уреден, па најверојатно не се работи за некое заболување на црниот дроб.
Исто така, можно е да постои и некое надразнуавње на желудникот, но тоа обично оди си болка во епигастриумот, т.е. народски кажано со печење, жарење во лажичката т.е. во средишниот дел од стомакот. Обично, овие симптоми се поврзани и со внесувањето на храна.
Во стомакот се сместени и цревата, па може да постои и некое надразанување на цревната слузница, но сепак, во тие случаи постојат поизразени болки, а ти спомунваш само чудно чувство, а не болка. Обично тие се пратени и со пореметувања во празнењето на цревата, како што се повремени периоди на проливи или запек. Доколку имаш такви проблеми, треба да се консултираш со интернист.
Прво што треба да направиш е една биохемиска лабораторија на крвта и мочката, која ќе покаже дали се работи за некое воспаление.
Сепак, тоа некарактеристично, како што ти го опишуваш чудно чувство, не би требало да биде знак за некое сериозно пореметување.
Сепак, сето ова што го напомнав мора да го земеш со резерва, со оглед на тоа што одговорот е врз база на твоите кажувања, а не врз база на детален лекарски преглед. Затоа само ги набројувам можните причини за твоето чудно чувство.
Во секој случај, ти стојам на располагање за понатамошни совети.
Најдобро е повторно да се обратиш кај својот лекар, кој ќе направи детален преглед и ќе ти посочи и некои дополнителни испитувања, доколку се потребни.
Она што јас можам да ти препорачам во моментов е консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), престанок на пушењето, доколку пушиш, намалување на стресот, доволно одмор, сон и шетање. Здравата исхрана и умерената секојдневна физичка активност го јакне имунолошкиот систем на организмот.
Се надевам дека ти одговорив на твоето прашање.
Поздрав.
Д-р Л. Ацева