Цисти на јајчникот и дојките

Цисти на јајчникот и дојките

Пред извесно време правев ПАП тест. При ултразвучниот преглед докторот констатира дека имам циста на десниот јајник од околу 2cm. Ми кажа дека обавезно морам да дојдам на контрола после 6 месеци. Меѓу другото отидов на снимање на градите каде се покажа дека на двете гради имам цисти. На десната беа поголеми и ми рекоа дека треба да направам биопсија. На извештајот докторот запиша субмамиларна циста 15 mm. Искрено, јас се исплашив и ништо друго не прашав. Си заминав од ординацијата а докторката ме замоли да дојдам за три месеци обавезно. Објаснете ми ве молам што да правам?

Најпрво да те смирам малку, за да не си толку исплашена. Навистина нема потреба од страв и паника. Цистите на јајчникот и на дојките се многу честа појава кај помладите жени и тие се обично безопасни. Но, сепак потребни се редовни контроли. Затоа и твојот лекар ти препорачал контрола. Биопсија се прави на цисти на дојката, за да се види точно за што се работи. Цистите можат и самите со тек на време да се повлечат, или при пункцијата да се извлече течноста во нив, па тие полека да исчезнат.

Затоа ти препорачувам да одиш на редовни контроли. Сега за сега нема место за паника. Најверојатно се работи за склоност на организмот да ствара цисти.

Поздрав.

Др.Л.Ацева.