Цистоскопија со биопсија
Ендоскопски дијагностички методи
При цистоскопија, лекарот го испитува мочниот меур и надворешниот мочен канал (уретра), користејќи цевчест инструмент со вградена ламбичка и оптички леќи. Цистоскопијата се изведува така што овој цевчест инструмент т.н. цистоскоп се внесува преку надворешниот мочен канал дирекно во внатрешноста на мочниот меур. На тој начин, докторот има увид во состојбата на слузницата, која го обложува од внатре мочниот меур. Лекарот директно гледа во внатрешноста на овие органи. Доколку лекарот при оваа процедура забележи некои сомнителни промени, тој може да земе парче од изменетото ткиво за микроскопска анализа (биопсија).
Цистоскопијата е инвазивна и болна дијагнзостичка процедура и треба по правило да се изведува во локална или општа анестезија.
Бидејќи при цистоскопијата може да дојде до внесување на бактерии во мочниот канал и мочниот меур, секогаш по изврешената цистоскопија се дава превентивно антибиотска терапија, со цел да се спречи појавата на инфекција.
Биопсија при цистоскопија
Урологот може за време на цистоскопскиот преглед со помош на специјална игла да земе парчиња од ткивото на промената. Биопсијата се изведува со анестезија, меѓутоа сепак може да биде непријатна. Постои мал ризик од инфекција. Затоа се даваат антибиотици за превенција на инфекција. По биопсијата може да се забележи крв во мочта, обично таа се избиструва по неколку дена од биопсијата. Ова е краткотрајниа промена и брзо исчезнува по смирување на местото од каде е земена биопсијата.
По земањето на примероците од промената на мочниот меур, тие се праќаат на микроскопско испитување кај специјалист-патолог. Дефинитивната дијагноза на карциномот на мочниот меур се поставува со микроскопското прегледување на примерокот од ткивото на мочниот меур земено при биопсијата. Патологот може да одреди дали има присуство на карциномски клетки, да го утврди видот на карциномот како и неговата агресивност (колку брзо може да расте туморот).
Патолошката дијагноза треба да се направи споед класификацијата на СЗО (Светската здраствена органиозација) од материјалот добиен со тррансуретралната биопсија на промената во мочниот меур.
- 90% од карциномите на мочниот меур се на преодниот епител на мочниот меур.
- Околу 6% до 8% се сквамозни карциноми.
- 2% се карциноми се аденокарциноми.
Понекогаш промената може да биде многу мала, присутна само во мал дел од мочниот меур. Поради тоа, со биопсијата може да се “промаши“ таа промена и да се добие ткн. „лажно“ негативен наод. Доколку лекарот сепак се сомнева за присуство на карцином, по некое време се повторува биопсијата (ребиопсија).