Како јогата може да им помогне на жените во менопауза?
Топлотните бранови и ноќното потење не мора да го наруши вашиот квалитет на живот.
Ако и вие мака мачите со симптомите на манопаузата, можеби е време да пробате да ги ублажите со практикување јога.
Во текот на менопаузата кај жените се успорува метаболизмот и тука нема помош. Освен тоа, жените во менопаузата се подепресивни, имаат полош сон, несоница, патат од напливи на топлина и ноќно потење, замор, ниско либидо и погладни се. Естрогенот, хормонот кој нормално служи и за одржување на телесната тежина исчезнува, па килограмите почнаат да се трупаат во половината.
Ако и вие мака мачите со симптомите на манопаузата, можеби е време да пробате да ги ублажите со практикување јога.
Најновото истражување објавено во часописот Menopause покажало дека жените кои дневно практикуваат вежбање јога можат да ги ублажат симптомите на менопаузата кои секојденевно ги мачат.
Испитаниците биле поделени во 3 групи: едни вежбале 12 седмици (еднаш неделно вежбале 90 минути во јога центар, а секој ден дома), другите се запишале на аеробик, додека испитаничките од третата група продолжиле со своите вообичаени активности и ритам на живот.
Кога станува збор за топлотните удари и ноќното потење, немало разлика кај жените кои практикувале јога и оние кои се запишале на аеробик – сите жени имале еднакви симптоми како и претходно. Од друга страна, само вежбањето на јога им овозможило полесен сон, бидејќи испитаничките кои вежбале јога немале веќе проблеми со несоницата.