Кикириките го штитат срцето и коските

Кикириките го штитат срцето и коските

Кикириките потекнуваат од Јужна Америка, Мексико и Централна Америка. Тие се исклучително богат извор на витамин Е и Д, фолна киселина, ниацин, манган и растителни протеини. Овие хранливи состојки се важни за правилно функционирање на ораганизмот и за зачувување на здравјето.

Кикириките се богати и со ресвератол, антиоксиданс кој се наоѓа и во грозјето, а кој го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Кикириките се многу корисни за намалување на „лошиот“ холестерол (LDL) во организмот, бидејќи изобилуваат со мононезаситени масни киселини познати како „добри масти“.

Кикириките содржат и растителни влакна кои се важни за правилно функционирање на цревата. Тие го подобруваат варењето на храната. Го намалуваат и ризикот од развој на рак на дебелото црево и стварањето на жолчни каменчиња. Затоа е важно да ги вклучиме во секојдневната исхрана.

Калциумот и витаминот Д од кикириките придонесуваат за зачувување на здравјето на коските и забите. Го намалуваат ризикот од развој на остеопороза во подоцнешните години од животот.

Кикириките во борба против „лошиот“ холестерол

Кикириките се природен извор на витамин Д и Е. Тие го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и го спречуваат развојот на шеќерната болест. Се препорачува да се јадат нелупени кикирики, бидејќи тие содржат повеќе витамини и минерали.

Научниците од Универзитеот Харвард спровеле едно истражување во кое обфатиле вкупно 6 000 жени со шеќерна болест (дијабет тип 2), која го зголемува ризикот за развој на срцев и мозочен удар. Овие жени биле ставени на посебен режим на исхрана, а секои две до четири години пополнувале прашалници за начинот на исхраната. Испитаничките биле следени цели 22 години. Резултатите од студијата покажале дека жените кои јаделе кикирики имале помал ризик за појава на срцев и мозочен удар. Ризикот кај нив бил намален за дури 44%.

„Исклучително корисно е во исхраната да се користат и кикириките, бидејќи го намалуваат холестеролот и му помагаат на здравјето“, изјавиле научниците кои ја спровеле оваа студија, но и предупредиле дека кикириките треба да се консумираат во умерени количини, бидејќи содржат доста калории.

Една шољичка кикирики (146g) содржи околу 828 калории, 38g протеини, 24g јагленохидрати, 72g масти, 13g калциум, 37g железо, ниацин, фолна киселина (се препорачува на трудници), манган и цинк.