Комплементарни третмани за болка
Покрај примена на медикаментозна терапија за болката, често лекарот може да препорача и други методи за контрола на болката. Некои од овие методи не биле испитувани во студиите за канцерска болка. Но, тие можат да помогнат во подобрувањето на квалитетот на животот на пациентот, намалувајќи ја болката, како и стресот и анксиозноста кои често се присутни кај пациентите со карцином.
Некои од овие методи се наречени комплементарни или интегративни.
Овие методи вклучуваат од примена на ладни и топли облоги, масажа, акупунктура, хипноза и сликовит говор, па се до биофидбек, медитација и терапевтски допир.
Еднаш кога ќе научите како да ги применувате овие методи, може потоа и самите да ги практикувате.
Комплементарни методи на контрола на болката:
- акупунктура,
- акупресура,
- биофидбек,
- дистракција (одвлекување на внимание),
- топлина и ладно,
- хипноза,
- сликовит говор, сликовит приказ, живо прикажување,
- масажа,
- релаксација,
- други методи.