Лековитоста на цикоријата (Cichorium intybus)

Лековитоста на цикоријата (Cichorium intybus)

Опис на билката

Цикоријата (Cichorium intybus) е билка, висока 1,5 метри. Има траен, вретеновиден корен, кој од надвор има жолтеникаво-бела боја, а внатре е бел. Стеблото е исправено, круто и во горниот дел разгрането. Стеблото и листовите се покриени со кратки влакненца. Листовите се долгнавести, ланцетни. Цветовите се светло-сини и многу убави. Цикоријата цвета преку целото лето. Расте насекаде како коров, а најчесто покрај стази и патишта, по ливадите и пасиштата, во близина на шумите и на друго место.

Лековито дејство

Лековити делови на цикоријата се: коренот, листот и цветот. Најчесто како лек се користи коренот од цикоријата. Тој се копа во есен, кога е најдебел и има најмногу лековити состојки и инулин (резервна храна). Поретко се користи надземната билка, која се бере за време на цветањето.

За лек се користат: коренот, цветовите и листовите. Од втората половина на март до крај на мај се копа коренот, а листовите и цветовите се берат во време на цветањето на билката.

Цикоријата е билка која често се користи во народната медицина за многу заболувања.

Таа го јакне и чисти желудникот, го подобрува варењето на храната, го чисти црниот дроб, го регулира излачувањето на жолчката, ги чисти бубрезите и слезината, лечи жолтица и слабокрвност (анемија).

Цикоријата повеќе се користи во народната отколку во научната медицина, како неотровен горчлив лек за лекување на органите за варење, пред се, за зголемување на аптетот, за јакнење на желудникот, за подобро варење на храната, за пообилно изачување на мочка и жолчка и друго.Цикоријата ја чисти крвта, го регулира метаболизмот.

Цикоријата е билка, чиј корен може да се испече и сомеле и да се користи за подготвување на топло напиток. Цикоријата може да се користи како замена за кафе или чај, но за разлика од обичното кафе или чај, цикоријата не содржи кофеин. Овој напиток се прави од испржен и сомлен корен од култивирана цикорија со крупен меснат корен, богат со инулин. Бидејќи инулинот е полисахарид кој со хидролиза дава само левулоза (фруктоза или овошен шеќер), разбирливо е зошто кај нас, во народната медицина цигурата ја користат дијабетичарите. Ова е сосама оправдано, бидејќи сите билки од фамилијата Compositae, а нив ги има многу, наместо скроб, како резервна храна, содржат инулин. Според тоа, лицата кои боледуваат од шеќерна болест можат да ги користат сите билки од ова фамилија, како диетална храна.

Чајот од цикорија делува смирувачки, па помага при несоница, анксиозност и депресија. Чај од цикорија се користи и при забрзана работа на срцето, предизвикана од кофеин жолтица, жолчни камења, тегови со слезенката, гастритис и дриги пореметувања на органите за варење ревматизам

Надворешно, цикоријата се користи при воспаленија на кожата.

Чај од цикорија:

Една мала лажица корен или сушена билка се става во 250 милилитри вода. Се остава да зоврие и се процедува. Се пијат 200-350 милилитри на ден при: жолтица, проблеми со слезенката, при гастрит и камења во жолчката, слабокрвност, несоница, дијабет…