Ликопен

Ликопен – моќен природен антиоксиданс – заштитник од рак и од многу други заболувања

Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротеноиди. Тоа е црвен каротеноид, кој го има во овошјето и зеленчукот. Ликопенот го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има во патлиџанот. Ликопенот се наоѓа во лушпата на патлиџанот.

Препорачан дневен внес на ликопен е од 5–10 mg.

Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротеноидите, па затоа тој може да се внесе во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од патлиџан, отколку кога се консумира свеж патлиџан. Се претпоставува дека при готвењето на патлиџанот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира.

Ликопенот има важна улога во зајакнувањето на имуниот систем, а поволно делува и на работата на срцето.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.

Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.

Мажите кои консумираат 10 патлиџани неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.