Многу нутриционисти го сметаат лимонот како природен лек за сите болести
Лимонот и сокот од лимон се најпознати извори на витамин Ц, но содржат и бројни други лековити состојки. Лимонот помага не само при настинка, туку и при многу други заболувања. Многу нутриционисти го сметаат лимонот како лек за сите болести.
Лимонот спаѓа во јужно овошје и се одгледува во топлите краеви, бидејќи и билката и плодот се осетливи на ниски температури.
Се смета дека Александар Македонски го донел лимонот во Стара Грција од Прсија. Познато е дека Колумбо го однел лимонот во Америка. Иако лимонот релативно кратко време се одгледува на Американскиот континент, најмногу се одгледува токму во Мексико и во Америка.
Лимонот ги разградува мастите, па често им се препорачува на луѓето кои држат диета и сакаат на здрав начин да го намалат вишокот на килограми.
Што содржи лимонот?
Лимонот, покрај витамин Ц, содржи малку калории, но многу корисни состојки и супстанции, од кои ќе наброиме само некои: растителни влакна, биофлавониди, витамини Б1, Б2 и Б12, растителни масти, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, натриум, протеини, јагленохидрати, соли, фосфор…
Лековито дејство
Лимонот треба да се користи како лек или како помошно средство кога се во прашање следните заболување и тегоби: акни, анемија, артитис, астма, болести на грлото и носот (крајниците), бронхитис, главоболка, грчеви во желудникот, грип и настинка, хронични дегенеративни болести, депресија, дијабет, екцеми, за јакнење на коските и зглобовите, за нормален раст и развој, за подобрување на концентрацијата, при проблеми со празнењето на цревата (затвор), при импотенција, инфекции на кожата, за зајакнување на имунитетот, за зајакнување на нервниот систем, при пореметувања на метаболизмот, при упорна кашлица и кивање, при крварење од носот, при главоболки и мигрена, при некои видови на рак, неплодност, нервоза и несоница, слабост и пукање на крвните садови, при паѓање на косата и другите проблеми со косата, при изгоретини, остеопороза, флеки на кожата, за подобрување на циркулацијата, при срцеви заболувања, против стрес, замор, стареење…
Како се употребува лимонот?
Лимонот (сокот и кората) се користи во исхраната во текот на целата година и тоа: за приготвување на сокови и чаеви, како додаток во јадењата (колачи) и како средство за дезинфекција и конзервирање на намирниците (овошје). Лимонот е природен антиоксиданс.
Лимонот се додава на оцетот, но исто така се користи и за правење на ликери. Се користи и во козметиката (креми и препарати за нега на кожата), но и за правење на парфеми.
Интересно е што лимонот се препорачува и како средство против комарци.
Начин на делување
Од сите овие податоци кои ги наведовме, може да се заклучи дека лимонот се користи при многу здравствени проблеми. Најчесто се користи лимоновиот сок или лимоновата кора (доколку не е прскана со хемиски средства, пестициди и хербициди).
Лимонот се користи како додаток во исхраната, но и како средство за конзервирање на намирници. Пособено е лековита комбинацијата на мед и лимонов сок.
Нутриционистите и лекарите препорачуваат често да се пие лимонада, а лимоновиот сок да се додава на чајот, особено на зелениот чај, кој исто така е многу лековит.
Предупредуваме дека треба да се води сметка и за тоа дека некои луѓе можат да бидат алергични на лимон.