Skip to content
Состојките во лукот ни помагаат при одредени заболувања
Состојките во лукот ни помагаат при одредени заболувања
- аденозинот од лукот го спречува згрутчувањето на крвта,
- органските компоненти од лукот, кој содржат сулфур го намалуваат холестеролот и делуваат превентивно на малигните болести. Така во стручните часописи Journal of National Cancer Institute и Cacinogenesis објавени се резултатите од научните истражувања кои го потврдиле антиканцерогеното дејство на лукот,
- аминокиселините од лукот го намалуваат „лошиот“ холестерол (LDL) во плазмата, а ја зголемуваат концентрацијата на „добриот“ холестерол (HDL) и триглицеридите, дури и при консумирање на многу масна храна,
- потврден е и неговиот позитивен учинок во проширувањето на крвните садови, посебно на периферните крвни садови, па често се користии е делотворен при главоболки, болни грчеви во потколениците, кои често се јавуваат кај постарите лица по кратка прошетка,
- доведува до намалување на крвниот притисок за 5% до 10%,
- го нормализира забрзаното работење на срцето, го подобрува работењето на срцевите крвни садови и снабдувањето на срцевиот мускул со крв, што доведува до подобрување на срцевата функција и намалување на склоноста кон тромбоза,
- делува на одржувањето на еластичноста на крвните садови и на намалувањето на вискозноста на крвта,
- го подобрува варењето и работата на желудникот, ја подтикнува работата на црниот дроб, бубрезите и простатата,
- помага во лечењето на разни оболувања на белите дробови, а исклучително е делотворен при лечењето на грипот и бронхитисот,
- во народот белиот лук одамна се користи за исфрлање на детските глисти,
- докажано е и позитивното делување на лукот при инфекции со херпес вирусите и квасните габички (Candida albicans).