Што се случува ако го намалам пушењето?
Не постои сигурно ниво на пушење и во реалноста ова не функционира. Се покажало дека луѓето кои го редуцирале бројот на цигарите вдишуваат повеќе дим од секоја цигара, вдишуваат подлабоко и го задржуваат подолго во белите дробови.
Тоа значи дека тие всушност примаат иста количина на никотин и други хемиски супстанци, од помалку цигари. Слично се случува и ако го смените брендот преоѓајќи на бренд со пониска содржина на никотин (ултра лајт варијанти).