Вртоглавица
Имам 52 години. Повремено чувствувам вртоглавица и тоа воглавно кога лежам и кога ја вртам главата на десна страна. Понекогаш тоа чувство ме разбудува од сон. Полека се свртувам на другата страна и вртоглавицата престанува. Ова трае неколку дена и само од себе престанува. Некогаш вртоглавицата ми е пратена со повраќање. Со што можат да бидат поврзани ваквите вртоглавици? Ви благодарам на одговорот.
Вртоглавицата често ја пратат таканаречените вегетативни симнптоми: мачнина, гадење, повраќање, страв, нерамнотежа, повремено замаглен вид. Постоењето на вртоглавица подразбира пореметување на периферните или средишните нервни патишта на слушниот нерв – n. statoacusticus. Причините за вртоглавица можат да бидат најразлични. Можат да настанат како последица на пореметување на ниво на увото или слушниот нерв, поради промени во средното уво предизвикани од некои лекови, поради слабокрвност, ортостатска хипотензија, состојба на шок итн.
Затоа ви препорачувам да се јавите кај својот матичен лекар кој ќе ве упати на потребните испитувања. Најверојатно се работи за бенигна позициска вртоглавица, но заради дефинитивна дијагноза потребно е да се нарави рендгенграфско снимање на р`бетот, оториноларинголошки преглед, како и преглед на каротидните и вертебралните артерии. По направените испитувања се советува преглед од страна на специјалис неуролог.
Поздрав
Др. Лилјана Ацева