Зелен чај за подолг
Резултатите од студијата спроведена врз повеќе од 40.000 луѓе во Јапонија покажале дека тие кои консумираат големи количини зелен чај живеат подолго.
Истражувањето на доктор Шиничи Куријаме и неговите колеги од Јапонскиот универзитет Тохоко во Сендаи покажало дека зелениот чај има позитивно дејство во борбата против срцевите заболувања, како и во борбата против малигните заболувања.
Антиоксидансите полифеноли кои ги има во зелениот чај може да го објаснат позитивниот ефект на напитокот на продолжувањето на животот, се вели во студијата спроведена во североисточна Јапонија, каде што 80% од населението консумира зелен чај, а повеќе од половината од нив консумираат три или повеќе шолји дневно.
Луѓето кои консумирале пет или повеќе шолји чај дневно во текот на 11 години имале за 16 отсто пониска стапка на смртност. Во текот на првите седум години од студијата стапката на смртност на тие кои консумирале многу чај била за 26 отсто пониска отколку кај останатата популација.
Студијата е спроведена на популација на возраст од 40 до 79 години.