Адјувантни аналгетици

Адјувантни аналгетици

Адјувантните аналгетици се лекови, чија примарна индикација не е лекување на болката, но кои делуваат аналгетски во некои клинички болни состојби. Адјубантните аналгетици се употребуваат како аналгетици, но ефикасни се и за примарно лекување на психолошките проблеми кои се јавуваат при постоењето на хроничната болка.

Во лекувањето на неуропатската болка се користат голем број на адјувантни аналгетици и тоа:

  • Антиконвулзивни лекови, антиепилептици (габапентин, пергавалин, карвамазепин, окскарбазепин, клоназепам)
  • Антидепресивни лекови ( трициклични антидепресиви и селективни инхибитори на серотонинот)
  • Аналгетици за локална примена (лидокаин, капсаицин)
  • Антагонисти на НМДА рецепторите (кетамин, декстрометорфан)
  • Орални локални анестетици (мексилетин) и
  • Кортикостероиди (дексаметазон)

Најчесто користени адјувантни аналгетици се:

Антиепилептици

Антиепилептиците се употребуваат во лекувањето на неуропатската болка, иако нема сигурни клинички експерименти кои ја потврдуваат нивната ефикасност во оваа индикација. Често со примената на антиепилептиците се јавуваат несакани појави како што се: поспаност, вртоглавица и атаксија (пореметена рамнотежа или координација на движењата). Сепак, поновата група на антиепилептици, во кои спаѓаат gabapentin и pregabalin се користат во терапија на неуропатска болка. Почетната доза на габапетинот е 100мг. дневно. Дозата се зголемува во тек на неколку дена додека не се достигне целосна аналгезија.

Прегабалинот има еднакво дејство како и габапетинот, но искуствата од примената на овој лек се ограничени. Потребно е да се внимава при неговото давање кај повозрасните пациенти, па кај нив се препорачува постепено зголемување на дозата на 2 пати по 75мг во тек на една семица. Ретко се применуваат дози повисоки од 2 пати по 150мгр, поради опасноста од развој на несакани ефекти. Пред започнувањето на терапијата со габапетин и прегабалин потребно е да се испита бубрежната функција, со оглед на тоа што и двата лека се излачуваат преку бубрезите, па при намалена функција на бубрезите може да дојде до нивно акумулирање во организмот.

Lamotrigin се применува во лекувањето на неуропатската болка. До сега се спроведени 6 клинички студии, но главна замерка била што во ниедна студија не биле вклучени повеќе од 40 пациенти.

Антидепресиви

Првенствено се користат трицикличните антидепресиви во лекувањето на неуропатската болка. Лекувањето започнува со помала доза (на пример amitriptilin 10-12.5 mg навечер), а потоа дозата постепено се зголемува во тек на неколку дена. Најчесто саканиот ефект се постигнува со доза од 75мг дадена навечер. Дозите повисоки од 75мг. се поврзани со одредени несакани ефекти од страна на мозокот, мочниот меур, цревата и крвниот притисок. Најчест несакан ефект е сува уста, а често е и зголемувањето на телесната тежина.

Нема објавени студии за примената на другите групи на антидепресиви за оваа индикација. Се применува и венафлаксин. Вообичаена дневна доза на венафлаксинот е 225 mg.

Gabapentin, антиепилептик за ублажување на неуропатска болка

Габапентин (brand name Neurontin) е лек кој првично се користел во лекувањето на епилепсијата (антиепилептик). Денес, габапентинот широко се користи за намалување на болката, особено на неуропатската болка. Габапентинот добро се толерира од страна на повеќето пациенти, има релативно благи (умерени) несакани ефекти и минува низ телото без да се метаболизира, непроменет.

Габапентин (brand name Neurontin) може да ја подобри аналгезијата кај пациенти кои примаат системски опиоиди за неуропатска болка предизвикна од карциномто, се известува во Journal of Clinical Oncology.

Истражувачите од National Cancer Institute во Милано, Италија, известуваат за фикасноста на оваа нова генерација на антиконвулзиви, габепентин, во комбинација со опиоидните аналгетици. За да се тоа подобро испита, истражувачите спровеле двојно слепа студија на 121 пациет со неуропатска болка од карциномот, која е парцијално контролирана со системските опиоиди. Како додаток на стандардната опиоидна доза, рандомизирани се во две групи. Болните се лекувани или со габапентин 800 до 1800мгр на ден или земале плацебо. Дополнителни дози на опиоиди биде додавани по потреба.

Вкупно 89 пациенти ја завршиле десетодневната студија. Анализата покажала значителна разлика во резултатот на бодовната скала од 19 измеѓу габапентинот и плацебото. Анализата покажала змачителна редукција во дистезијата кај пациентите на габапентинот, па дополнителните дози на аналгетици биле поголеми и полести кај пациентите на плацебо.

Резултатите покажуваат ограничена улога на габапентинот како помош на опиоидите кај неуропатската болка поради карциномот,но би можело да се постигнат позначителни резултати кај некои пациенти.