Акупунктура

Древни вештини – акупунктура

Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина. Према кинеското верување, две основни енергии – yin и yang кружат низ меридијаните на нашето тело. Тие невидливи канали пресекуваат 365 точки на површината на кожата. Со акупунктурата се делува на овие точки со што се постигнува равнотежа на yin и yang енергијата и ублажување на здравстевените проблеми.

Акупунктурата се состои од забодување на многу тенки, метални игли во кожата, во точно одредени точки на телото. Целта е да се смени протокот не енергијата во телото, така да тоа самото се излечи.

Кога се применува овој третман, пациентот може да има лесна болка, досадна болка во вид на штипење, или електрични сензации во тек на неколку секунди по забодувањето на иглите. Кога иглите ќе се постават, болката и непријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите остануват забодени во кожата на телото од 15 до 30 минути.

Акупунктурата се покажала како корисна метода во намалувањето на мачнината, гадењето и повраќањето, кои се јавуваат како несакани ефекти од третманот кај пациените со карцином. Исто така, одредени студии покажале дека акупунктурата помага и во ублажувањето на канцерската болка.

Сепак, пред да се започне со овој третман потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Доколку вашиот лекар ви ја препорача акупунктурата, тогаш таа треба да ја изведува специјално обучен инструктор за акупунктура.

Многу болници и центри за карцином имаат ваков специјализиран персонал.

Акупунктурата е метода, која во 1979 година е признаена и од Светската Здравствена Организација (СЗО), а се изведува со забодување на игли во акупунктурните точки распоредени долж минувањето на 12 главни меридијани. Кинеската традицијата наведува постоење на 365 точки.

За разлика од некои други гранки на алтернативната медицина, акупунктурата е признаена и од научниците, па дури и акупунктурната техника се учи на некои од факултетите.