Аноректографија
Радиографски испитувања
Аноректографија или рендгенско испитување со двоен контраст на задното црево се прави со цел да се откријат одредени патолошки состојби во слузницата на задното црево Со оваа метода може да се откријат присутни полипи, улкуси, тумори и други патолошки состојби на задното црево Со аноректографијата се исклучува и истовремено присуство на карцином на дебелото црево, особено во случаите на перианален Morbus Boven или Morbus Paget.
При оваа дијагностичка метода се внесува контраст во задното црево (ректум), после што следи рендгенско снимање. Нативната рендгенска снимка на ректумот ќе го прикаже задното црево, кое е исполнето со контраст (бариумска каша).
Методата е безболна, не бара седирање на пациентот и е прифатлива за пациентите