Иригографија

Иригографија (рендгенолошко испитување на дебелото црево со двоен контраст)

Радиографски испитувања

Најчесто применувана иницијална метода за откривање на промени во дебелото црево е рендгенолошко иследување со двоен контраст т.н иригографија. Кај пациентот се внесува контраст во дебелото црево, после што следи рендгенграфија на абдоменот. Методата е безболна и не е потребна седација на пациентот. Иригографијата е прецизна, но можно е да 5 до 10 % од промените не бидат уочени и дијагностицирани со оваа дијагностичка процедура.

Со оваа дијагностичка постапка може да се откријат присутните улкуси во дебелото црево, полипите, туморите и други патолошки состојби.

Типичен изглед на карциномот на дебелото црево, при примена на двоен контраст е сликата на „изгризено јаболко“, која е формирана од концентрична лезија, додека пак егзофитичните, карфиолести промени се прикажуват како дефекти во полнењето. Доколку постојат фистули кон соседните органи, вагината или мочниот меур, тие може да се видат на рендгенграфијата со контраст.

Сепак иригографијата не е толку прецизна метода како колоноскопија и со овој метод не можат да се отстрануваат полипите, ниту да се земе биопсија од сомнителната промена.

Самата иригографија е поприфатлива дијагностичка метода за пациентите.