Што е биофидбек техника?
Една од интересните современи методи на лекување, кои многу ја сметаат за чист експериментален обид, е биофидбек техниката. Оваа техника му овозможува на пациентот да по пат на одреден мониторинг уред ги прати своите сопствени телесни процеси како што се: дишењето, температурата на кожата или мозочните бранови, и да врз основа на добиените инфорации научи како да ги контролира спомнативе процеси.
Во практика тоа се одвива на следниот начин: пациентот е „прикачен“ на електроди и се наоѓа во состојба на длабока концентрација, обидувајќи се волно да ги измени сигналите и линиите кои го прикажуваат ритамот на одредени телесни процеси на мониторот. Иако ова бара многу време и стрпливост, бидејќи се засновува на постојани обиди за воспоставување на контрола (што најчесто не успева од прв пат), оваа метода на лекување може да биде многу корисна, бидејќи го усмерува пациентот на „ослушнување“ на сопственото тело и не бара никакви посебни лекови. Суштината е првенствено во „ослушнување“ на неволните телесни процеси, а потоа во воспоставување (барем делумна) контрола над нив.
Биофидбек како званична метода на лекување настанува во 60 те години од 20 век, а денешната форма се засновува на примената на електронска опрема. Идејно и експериментално ја поставил физиологот Нил Милер. Тениката на фидбекот по многу нешто е слична со традиционалната вештина-јога. Разликата е во тоа што јогата се засновува на лекување и опуштање на целиот организам, додека кај биофидбекот, пациентот се фокусира само на одреден дел.
Денес биофидбекот наоѓа примена во лекување на многу различни болести, почнувајќи од главоболка (ја контролира и ја намалува честотата на нејзиното јавување), па преку несоница и епилептични напади, до лекување на парализа кај пациенти со мозочен удар.
Посебно биофидбекот има позитивно тераписко дејство во намалувањето и отстрануањето на стресот, каде функционира како одлична релаксациска метода. Исто така, биофидбекот е многу ефикасен и во контрола на хроничната болка.
Вештина на саморегулација: биофидбек
Биофидбек е процес на учење за постигнување контрола над сопствените псохофизички процеси. Биофидбекот не е лекување, не е ниту медицинска процедура, ниту лек. Тој е еден едукативен процес на учење на посебните ум-тело вештини. Тоа е учење за да се препознаат физиолошките одговори и да се менуваат. Тоа бара вежбање. Низ вежба, ги запознаваме сопствените психофизички реакции на стресот, на болката., учиме како да ги контролираме, за да не не, во спротивно, тие нас контролираат. На тој начин се одвикнуваме од лошите навики, од навикнатите реакции и учиме нови, подобри одговори и реакции на одредени дразби.
Зошто луѓето би сакале да вложат труд за да научат да ги контролираат несвесните физиолошки процеси? Затоа што, на тој начин можат да го подобрат своето здравје и да вложат труд за да научат како да ги контролираат несвесните физиолошки процеси. На тој начин можат да го подобрат своето здравје, без примена на одредени лекови и да се ослободат од некои психосоматски тешкотии, да го подобрат своето сопствено функционирање и да ја зголемат успешноста во многу активности и одбласти во животот.
На што се базира биофидбекот?
Во суштина биофидбекот не е ништо ново. Зборот биофидбек значи повратна информација за биолошките функции. Тоа е учење на контрола на животните функции врз основа на повратните информации. Во овој процес се користи современа технологија. Нашите животни функции се снимаат со сензори и тие сигнали се пренесуваат на компјутер. Со посебен софтвер се обработуваат сигналите и нам на екранот ни ги покажува промените кои се случуваат во нашите мозочни бранови, промените во крвниот притисок, телесната температура и спроводливоста на кожата, напнатоста на мускулите, работата на срцето и пулсот и другите функции. Ако е пореметена некоја од нашите животни функции, ние се обидуваме да ја доведеме во оптимално функционирање, а со помош на мониторот гледаме дали во тоа и успеваме.
Од самото раѓање, ние всушност учиме врз основа на повратните информации. Така ги учиме и сите свои вештини, како што се: говорот, социјалното однесување, моторните функции и друго. Ако немаме повратни информации за тоа дали тоа добро го работиме или не, не би можеле и да ги научиме. На пример, ако погрешно изговориме некој збор, некој ќе не исправи. Ако направиме погрешен чекор, ќе паднеме и ќе почувствуваме болка.
Но, нашите физиолошки функции се одигруваат од внатре, во нас. Нив не можеме да ги видиме, и никој на нив не може да ни обрне внимание. Едноставно, ние немаме добра повратна информација. А, со тек на време, престануваме и да обрнуваме внимание на тоа што се одвива автоматски, сé додека не почне да ни предизвикува одредени тегоби и додека не почнеме да се чувствуваме лошо. Тоа што не боли е всушност повратната информација, но ние не знаеме што да правиме со неа. Не сме ја учеле вештината на свесна контрола над тие животни функции. Тогаш обично се бара стручна помош од лекар, психолог, психијатар. Најчесто терапијата е со лекови, кои во голем дел помагаат. Но, покрај медикаментозната терапија, биофидбек техниката е дополнителна терапија која помага.
Биофидбек техниката не учи како да ги контролираме бројните физиолошки реакции на нашиот организам. Современата технологија ни овозможува да се видиме самите севеси „од внатре“, да во исто време видиме каде грешиме и да научиме тие грешки ги отстраниме. Многу физиолошки функции можат свесно да се контролираат. Со совладување на оваа вештина може да се постигне подобрување на физичкото и психичкото здравје.
Со совладување на биофидбек техниката може да ја подобриме циркулацијата, работата на срцето, регулацијата на крвниот притисок, да се намали напнатоста на мускулите, да се намали стресот, болката, да го „тренираме“ својот мозок да „проиведува“ бранови кои се врзани со состојбите на релаксација или зголемена концентрација.
Најголемата предност на оваа метода лежи во тоа што низ успесите во учењето на самоконтролата на сопствените физиолошки, телесни функции, лицето учи да влијае на сопстевното физичко и психичко здравје самостојно, брзо и ефикасно.
Бројните истражувања покажале дека биофидбек техниката е ефикасна метода во учење за самоизлекување, и што е најважно, нема никакви негативни ефекти. Студиите покажале дека човекот може да има многу повеќе контрола над т.н.„неволни“ телесни функции, отколку што може да претпостави.
Биофидбек тренингот е научно заснован.
Биофидбек методот се применува повеќе од 50 години.
Стотици студии ја потврдиле високата ефикасност на биофидбек тренингот. Но и без научните студии, потврдата за ефикасноста на биофидбек тренингот може да се види во период од 15 минути. Ефикасноста не се засновува само на субјективното доживување на човекот кој е на тренинг. Резултатите се објективни, мерливи со помош на инструменти и се очигледни за лицето кое е на биофидбек тренингот. Позитивните резултати се покажуваат „во реално време“- веднаш на екранот на компјутерот.
Тренингот се засновува на принципите на т.н. рационално учење, кое е парадигма на современата психофизиологија.
Овој тип на учење е заснован на законот на ефектот, кој едноставно може да се изрази вака: Кога го надградуватме некое однесување, со тоа ја зголемуваме веројатноста на неговото повторно јавување во иднина. При биофидбек тренингот оперативното условување се одвива така што кандидатот се наградува за постигнување на одредена ментално-емотивна состојба во која успева да одредени физиолошки функции и мозочни бранови ги доведе до саканото ниво. Со биофидбек тренингот се овозможува да научената контролира на физиолошките функции премине во автоматска навика. Така, ефектите на биофидбек тренингот стануваат трајни, стануваат автоматска, навикната вештина, која се порвторно се вклучува при првите сигнали на стрес, болка или други пореметувања на физиолошките функции.