Чај и тинктура од валеријана
Чај од валеријана
Чајот од коренот на валеријаната успешно се користи при лекување на сите нервни заболувања. Се постигнуваат извонредни резултати при епилепсија, хистерија, хипохондрија, нервоза, вознемиреност, несоница, грцеви околу срцето, неуротични грчеви на душникот, астма, грчеви и болки во желудникот и цревата, при подуеност на цревата, повраќање, вртоглавица. Се препорачува и за лекување на невротска главоболка.
Тинктура од валеријана
Тинктурата се припрема така што 20 грама на иситнет корен од валеријана се прелива со 100 грама 70% алкохол. Се остава да стои 14 дена, со често протресување. Потоа се процедува. Се земаат 20- 40 капки на коцка шеќер со вода, најдобро пред спиење.
Капките не смеат да се употребуват подолго од 3 недели и потребно е да се направи пауза од 5 недели. Валеријаната го намалува крвниот притисок и успива, па лицата со низок крвен притисок треба многу да внимаваат при земањето на овие капки.
Совет
Немојте никако на своја рака да земате капки од валеријана. Пред да се одлучите да почнете да ги користите, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.