Лековитите својства на глогот

Лековитите својства на глогот – природен лек за многу заболувања

Лековитите билки секогаш биле многу ценети поради своите бројни состојки и својства кои помагаат во превенцијата и лекувањето на многу заболувања.

Бел глог (Crataegus oxyacantha)

Во листот и цветот на глогот има флавонски и антоцијански хетерозиди, сапонозиди, гванин, аденин и други пурински деривати, ситостерол, холин, ацетилхолин, изоамиламин, триметиламин, ароматични аминокиселини, танин и други состојки. Во плодовите на глогот има растителни масти, шеќер, лимонска, винска и други киселини.

Глог за болести на срцето и крвните садови

Глогот е една од најделотворните лековити билки за срцевите заболувања. Глогот позитивно влијае на циркуларцијата на крвта во срцевиот мускул, на ритамот на срцето и на протокот на кислородот во организмот. Тој ја регулира и јакне работата на срцето. Покрај тоа, глогот го регулира и крвниот притисок. Глогот не само што го намалува зголемениот крвен притисок, туку и го зголемува премногу нискиот крвен притисок кај пациентите со ослабено срце. Тој е добар за лекување на оштетениот срцев мускул кај постарите лица, за лекување на воспаление на срцевиот муслук (миокардит), и за лекување на запушени крвни садови (атеросклероза) и ангина пекторис.

Глог за смирување на нервите

Лекување- Начин на користење

Во шољичка за чај ставете 1 мала лажичка иситнет (листови, цветови и плод) глог. прелијте го со зовриена вода и оставете го да одстои 15 минути. Потоа процедете го и, доколку е заболувањето посериозно, пиете по 3 шољички чај дневно.

Атеросклерозата може да се ублажи и со други билки како што се: црната рибизла, имелата или зелката, кои можат да се користат и за превенција.