Дали сорафениб е лек за рак на дебело црево?

Дали сорафениб е лек за рак на дебело црево?

Ме интересира нешто повеќе за лекот сорафениб, дали кај нас го има. На мајка ми и е дијагностициран рак на дебелото црево со метастази на црниот дроб, дали може овој лек да го користи.

Sorafenib или Nexavar е нов целен или таргет лек кој до сега е одобрен од ФДА само за третман на примарен рак на црниот дроб и за метастаски карцином на бубрегот. Не се применува за третман на други видови на крациноми. Кај нас го има, го произведува фирмата Bayer Schering Pharma.

Но и покрај тоа што го има, тој не е за третман за ракот на желудникот и не се користи во терапијата. Значи не е во конкретниов случај лек за вашата мајка.

Консултирајте се со вашиот онколог за адекватната терапија за мајка ви.

На нашиот портал има написи за Nexavar. Отворете ги овие линкови и прочитајте.

  • Nexavar
  • Нов лек за црниот дроб

Со почит,

Др. Л. Ацева