Оперирана од медулобластом пред 4 години

Оперирана од медулобластом пред 4 години

Оперирана сум од meduloblastoma cerebre во пределот на малиот мозок пред 4 години. Сега одам на контрола на секои 6 месеци на МР. На последните два прегледа ми кажаа дека на местото на туморот имам видлива атрофична шуплина, а останатото е се во ред. Дали е ова опасно?

Одете редовно на контроли како и досега. Овој наод на атрофична шуплина не е опасен и не значи дека има тумор.

Со почит,

Др. Л. Ацева