Глог

Глог – лековита билка за срцеви заболувања

Глогот е една од најделотворните лековити билки за срцевите заболувања. Глогот позитивно влијае на циркуларцијата на крвта во срцевиот мускул, на ритамот на срцето и на протокот на кислородот во организмот. Тој ја регулира и јакне работата на срцето.

Покрај тоа, глогот го регулира и крвниот притисок. Глогот не само што го намалува зголемениот крвен притисок, туку и го зголемува премногу нискиот крвен притисок кај пациентите со ослабено срце. Тој е добар за лекување на оштетениот срцев мускул кај постарите лица, за лекување на воспаление на срцевиот муслук (миокардит), и за лекување на запушени крвни садови (атеросклероза) и ангина пекторис.