Глуварче

Глуварче – природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот

Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки од фамилијата Asteraceae. Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје.

Латинскиот назив на глуварчето е Taraxacum officinale, што во превод значи „дива салата“, бидејќи неговите листови оддамна се ценети во исхраната.

Глуварчето е познато по својата лековитост, но и како здрава храна. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.

Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино.

Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство кое помага во нормализацијата на размената на материите во организмот. Со тоа, глуварчето делува благотворно при некои заболувања, како на пример при: атеросклероза, гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност.

Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а глуварчето во Германија и Полска се користи и како природен лек против каменот во бубегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања.