Јаготките не се само вкусни, туку се и лековити!

Јаготките не се само вкусни, туку се и лековити!

Јаготките не се само вкусни, туку и многу здрави. Тие се природни лекови за анемијата, ја зајакнуваат крвта, го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Ова вкусно овошје содржи големо количество на витамин Ц и железо. Ги штитат организмот од настинки и разни други заболувања. Му даваат енергија на телото, што е особено важно во борбата против пролетниот замор.

Докажано е дека консумирањето на јаготки може да помогне во заштитата од ракот. Ова слатко овошје содржи антиоксиданси, кои помагаат против стареење. Содржат природни феноли кои имаат антивоспалително дејство слично на аспиринот и ибупрофенот и помагаат во ублажување на болките.

Најдобрата вест е тоа што јаготките се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Највкусна и најлековита е шумската јаготка (Fragaria Vesca). Плодот од шумската јагода е богат со многу витамини, минерали и други корисни нутритиенти. Плодовите не се само здрава храна, туку и природен лек за многу заболувања.

Плодот од шумската јагода го намалува зголемениот крвен притисок, ги намалува масните наслаги во крвните садови. Поради тоа тие, со право, се нарекуваат „чистачи“ на крвните садови и заштитници на срцето. Ја спречуваат атеросклерозата, го јакнат срцето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, плодовите од шумските јагоди им се препорачуваат на лицата со слабо срце, со висок крвен притисок, со атеросклероза.

Плодовите на шумската јагода ја зголемуваат и диурезата, односно го зголемуваат излачувањето на течностите од организмот, ја подобруваат функцијата на бубрезите. Со подобрувањето на фунцкијата на бубрезите и зголеменото исфрлање на течностите од организмот, плодовите го детоксицираат организмот, односно помагаат во исфрлањето на токсините.

Плодовите на шумските јагоди го подобруваат и варењето на храната. Тие се природен лек против запек, ги намалуваат тешкотиите кај чирот на дванаестопалачното црево и желудникот, лекуват скорбут.