Како делува фолната киселина?
Фолната киселина е неопходна за синтеза на ДНК, значи за изградба на сите нови клетки, па според тоа, и на клетките на плодот (фетусот). Ако во овој период нема доволно фолна киселина, може да дојде до појава на дефекти на плодот. Токму поради тоа, во раниот период на бременоста неопходно е редовно снабдување на организмот со доволни количини на фолна киселина.
Потребите за фолна киселина во периодот на бременоста се значително поголеми од препорачаните дневни количини (RDA). Превенцијата на малформациите на плодот (расцепена уста и непце, разни малформации на срцето, на р`бетниот мозок, на рацете и на нозете) се постигнува со земање на суплементи на фолна киселина.
Покрај тоа, фолната киселина директно е вклучена во изградбата на материјата S-adenozil-L-metionin (SAMe), од која, во голема мерка, зависи расположението. За да не расте нивото на хомоцистеинот во крвта, повторно е потребна фолна киселина. Според тоа, фолната киселина претставува вистински заштитник на здравјето.
Се покажало дека фолната киселина може да помогне и при целијакија, Crohn – ова болест, гингивит, улцерозен колит итн.