Помалку сол за поздрав живот

Помалку сол за поздрав живот

Солта е минерал која ја употребуваме за да го подобриме вкусот на јадењата и за конзервирање на намирниците. Солта содржи натриум и хлор во сооднос 40:60. Натриумот е потребен за одржување на крвниот притисок, за создавање и пренесување на електричните импулси во нервите и мускулите, како и за апсорпцијата на хранливите материи во тенкото црево.

Прекумерна употреба на солта предизвикува висок крвен притисок, што го поврзуваме со појавата на срцеви заболувања и мозочен удар, како и појава на други болести (рак на желудникот, заболувања на бубрезите, дебелина, Алцхајмерова болест, остеопороза, ги влошува симптомите на астмата и др.)

Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) дневниот внес на сол за здрав возрасен човек изнесува околу 5 грама (една лажичка), а максималниот внес е ограничен на 6 грама сол на ден.

Светската здравствена организација (СЗО) издадала на крајот на 2012 година нови упатства во кој се препорачува дури и понизок дневен внес на сол и пропишала минимални количини на калиум кои се потребни дневно за да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочни удари.

Возрасните треба да консумираат помалку од пет грама сол или помалку од два грама на натриум и најмалку 3,51 грама калиум на ден, но со претпазливост кај пациенти со срцева слабост и пациенти со дијабет зависни од инсулин.

Досега, Светската здравствена организација препорачувала доза од два грама на натриум дневно, а сега се додадени зборовите „помалку од“. СЗО, исто така, ги издаде своите први препораки за внесот на натриум и сол за децата, зависно од нивната возраст, големина и енергетски потреби.

Препорачана дневна доза на сол:

  • За деца до 1 година – 1 грам
  • Зa деца од 1 до 3 години – 2 грама
  • Зa деца од 4 до 7 години – 3 грама
  • Зa деца од 7 до 10 години – 5 грама
  • За другите возрасни групи најмногу 6 грама сол на ден

Обрнете внимание на етикетите на производите за да ја избегнете храната со релативно висока содржина на сол.