Како делува куркуминот?
Куркуминот е екстракт од коренот на билката „Curcuma longa“. Овој екстракт од коренот на куркума се покажал корисен во лекувањето и превенцијата на туморите, мултипната склероза и Алцхајмеровата болест.
Куркуминот:
- ги штити клетките од слободните радикали преку различни механизми; „ин витро“ дури штити од смртни дози на радијација,
- го стимулира имуниот систем во целина, како и локално,
- го регулира растењето на „nuclear factor-kappa beta“ – (NFkB), фактор на раст на малигните клетки, а „ин витро“ ја инхибира пролиферацијата на малигните клетки во простатата,
- го блокира естрогенот, хормон кој го стимулира растот на ракот на дојката,
- ги инхибира COX и LOX, два воспалителни ензими кои се развиваат кај одредени форми на рак, како на пример кај ракот на дебелото црево,
- има слично ниво на антивоспалителен ефект како аспиринот,
- „ин витро“ ја индуцира апоптозата (природна смрт на клетките) на малигните клетки поефикасно од селенот, од витаминот А и Д3 и од зелениот чај,
- „ин витро“ ја стопира пролиферацијата на малигните клетки во Стадиум 2,
- помага во инхибиција на ангиогенезата (создавање на нови крвни садови, кои го хранат туморот),
- има ефекти и во заштита од вируси и „ин витро“ ја спречува репликацијата на ХИВ вирусот во инфицираните клетки,
- ја спречува абнормалната агрегација на тромбоцитите, која доведува до срцев удар.
Независните истражувачки студии покажале дека куркуминот поседува потенцијал за третирање на петте најчести карциноми во САД:
- ракот на дебелото црево,
- ракот на дојката,
- ракот на простатата,
- ракот на белите дробови,
- ракот на кожата.