Како се лекува на кандидијазата – терапија!
Габичните инфекции на женските полови органи се воспаленија предизвикани од микроорганизми-габи.
Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај пациентки со шеќерна болест, како и по спроведување на антибиотска терапија.
Инфекцијата на вагината предизвикана со габата Candidа се нарекува вагинална кандидоза, кандидијаза или вагинална монилијаза. Латинските имиња за оваа инфекција се: candidosis vaginalis, moniliasis vaginalis.
Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 – 90% од случаите), Candida glabrat се наоѓа во 5 – 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.
Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol (Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) и natamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.
Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).
За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.
Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Таква комбинација е oksitetraciklin + nistatin (Geonistin).
Првата инфекција треба да се лекува според советите на матичниот лекар или гинекологот, а кај повторуваните инфекции, ако со сигурност се знае дека се работи за оваа инфекција, жената може сама да си купи локални антимикотици во аптека. Ако седмодневната терапија не даде резултати, жената треба да се јави на лекар, за да се открие причината, како и за да се открие евентуално постоење на други состојби или заболувања.
Честите, поновувани габични инфекции можат да бидат показател за постоење на одредени заболувања, па затоа е потребно да се отиде на лекар и да се направат дополнителни испитувања. Прусуство на знаци на воспаление по завршувањето на терапијата, или слаб одговор на терапијата можат да бидат први знаци за ХИВ-инфекција.
Кај бремените жени, антимикотиците се даваат со посебно внимание, ако воопшто и се дадат. Локалното лекување кај трудниците се спроведува подолго време и тие почесто се контролират од страна на гинекологот.
Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната.
Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата.