Камилицата делува благотворно на целиот организам
Камилицата делува благотворно на целиот организам. Во медицината се користи за надворешна и внатрешна употреба кај децата и возрасните во форма на тинктури, масла, чај, прашок и облоги.
Поради своите својства, камилицата се користи и во козметичката индустрија. Содржи каротин, 11 флавониди, органски киселини, витамин Ц, витамини од групата Б, кумарин, етерични масла.
Камилицата се користи на многу начини, па дури и обичниот чај делува лековито.
Камилицата е докажано дека го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува надуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Камилицата го ублажува стресот и нервозата.
Дневното консумирање на чај од камилица во комбинација со здрава исхрана, може да помогне во спречување на компликациите предизвикани од дијабет, утврдиле истражувачите од Јапонија и Велика Британија.
Сознанијата се базираат на експерименти во кои екстракти од камилица им биле давани на стаорци заболени од дијабет во период од 21 ден. Стаорците кои добивале додаток од камилица покажале значително намалување на нивото на гликоза во крвта. Екстрактот, исто така, се покажал како ефикасен во инхибирање на некои ензими поврзани со развој на компликации од дијабет. Некои од компликациите од дијабетот, се и губењето на видот и оштетувања на нервите и бубрезите.
Чај од камилица при вознемиреност, несоница и депресија!
Секој човек барем еднаш во животот се соочил со симптомите на анксиозноста и несоницата. Тие можат да се појават заедно, но и во комбинација со депресијата. Овие три здравствени проблеми имаат големо негативно влијание врз животите на заболените. И додека класичната медицина ги лекува овие заболувања со лекови, поборниците на алтернативната медицина веруваат дека лековитата камилица благотворно делува на нервозата, несоницата и депресијата.
Експертите претпоставуваат дека смирувачкиот ефект на камилица се должи на флавоноидиот наречен апигенин. Но, за разика од популарните лекови за ублажување на анксиозноста, камилицата не сознава зависност и не е штетна. Покрај тоа, камилицата го зголемува нивото на глицинот во организмот, аминикиселина која ги релаксира нервите и мускулите.
Чајот од камилица е најпопуларен чај во светот. Едноставно и лесно се приготвува од свежи или сушени цветови на билката. Неколку минути по консумирањето, ќе почуствувате попуштање на напнатоста и стресот.