Ларингоскопија со биопсија

Ларингоскопија со биопсија

Индиректна ларингоскопија

Ендоскопски дијагностички методи

Тоа е дијагностичка метода при која лекарот со помош на мало огледало со долга дршка го прегледува грлото. При тоа тој може да види одредени промени на слузнивата на гркланот и да ја оцени подвижноста на гласните жици. Овој преглед е безболен, но мора да се даде локален анестетик во грлото за да се спречи непријатното чувство кое е пропратено со кашлица. Овој преглед се изведува во амбуланта.

Директна ларингоскопија

За оваа дијагностичка процедура се користи ларингоскоп (осветлена цевка) која се внесува во грлото на пациентот преку носот или устата. Како што цевката минува низ грлото, така лекарот ги гледа деловите на гркланот кои не можат да се видат со обичното огледало. Локалната анестезија ја олеснува оваа метода и го намалува непријатното чувство на гушење. На пациентие може да им се даде и благ седатив за да се опуштат. Оваа дијагностичка процедура може да се изведува во амбуланта или во болница.

Биопсија при ларингоскопија

Ако лекарот при овој преглед открие некои сомнителни промени на слузницата на гркланот, треба да се направи биосија, т.е. да се земе материјал од сомнителната промена. Биопсијата е едиснтвен сигурен начин за откривање на карциномот на гркланот. Пред земањето на биоспија, пациентот прима општа анестезија, а лекарот зема делови од ткивото со помож на ларингоскоп. По земањето на материјалот при биоспијата, тој се испраќа кај специјалист, патолог кој ја поставува дефинитивната дијагноза. Тој микроскопски го прегледува материјалот и поставува хистопатолошка дијагноза т.е. го утврдува хистолошкиот тип на туморот како и неговиот степен на диференцираност т.е. градус.

Кога ќе се постави хистопатолошка дијагноза на ларингеалниот карцином, лекарот мора да го одреди и стадиумот на болеста. Стадиумот на болеста, како и степенот на диференцираноста на туморот се многу важни како за прогнозата на болеста, така и за правилно планирање на третманот, кај секој пациет одделно.

За таа цел, потребни се и некои дополнителни испитувања.