Лековитите својства на шафранот
Шафранот е исклучително високо ценет зачин, кој се користи речиси насекаде во светот. Иако, шафранот најчесто се користи како зачин при готвење на различни јадења, тој е билка со многу лековити својства.
Антиканцерогени својства
Крокинот, шафраналот и пикрокроцинот од шафранот имаат антиканцерогени својства кои го запираат растот на канцерогените клетки кај пациентите болни од рак.
Антидепресивни свoјства
Чајот од шафран се користи за лечење на депресија. Истражувањата покажале дека консумирањето на поголеми количини од овој чај, но и на самиот зачин, ја намалува депресија и создава чувство на среќа.
Ја подобрува циркулацијата и го јакне срцето
Во кинеската медицина, шафранот традиционално се користи за подобрување на циркулацијата на крвта и за лекување на модрици. Активната состојка кроцетин може, исто така, да ја намали концентрацијата на холестеролот и триглицеридите во крвта, а со тоа и да го спречи развојот на атеросклерозата и компликациите кои таа може да ги даде (срцев, мозочен удар и др.).
Богат со антиоксиданси
Шафраналот, кој е составен дел од шафранот, е јак антиоксиданс и ги уништува слободните радикали, кои може да доведат до оштетување на клетките и ткивата.
Ги чува очите
Истражувањата покажале дека шафранот го подобрува видот и успешно ја спречува или ублажува макуларна дегенерација која е најчеста причина за слепило кај постарите лица.