Менопауза: Екстрактот од сладунецот ги ублажува топлотните бранови!
За овој природен лек посебно се залагаат поборниците на источњачката медицина.
Сладунецот или како што го нарекуваат уште и сладок корен (Glycyrrhizae/Liquiritiae radix) претставува една од најпроширените врсти на слатки во САД. Но, во нашите краеви не е толку популарен.
Сладунецот содржи сапонини (глициризин), флавоноиди, фитостерини, кумарини. Делува секретолитични и експекторантно (го разводнува секретот и ја олеснува кашлицата), делува антивоспалително и спазмолитично. Ги олеснува тегобите на дишните патишта, кашлицата, засипнатоста. Се користи и за лекување на слузницата на желудникот и цревата (улкусен профилактик).
Добра вест е што резултатите од најновото истражување покажале дека сладунецот претставува идеален природен лек против непријатните симптоми предизвикани од менопаузата.
Сладунецот го имитира ефектот на естрогенот и прогестеронот – хормони кои се одговорни за репродуктивнните функции на жените. Коренот на сладунецот, исто така, им се преопорачива на жените за ублажување на ПМС симптомите
За овој природен лек особено се залагаат поборниците на источњачката медицина. Слаткиот корен т.е. сладунецот се покажал како одлично средство во лекувањето на болестите на црниот дроб. Една студија покажала дека сладунецот го зголемува производството на интерферон, со што се објаснува уникатната способност на оваа билка да го одбрани црниот дроб од штетните токсини.
Сладунецот помага и при ублажување на воспалението и го стимулира имунолошкиот систем да се бори против вирусните инфекции.