Позитронска емисиона томографија (PET)

Позитронска емисиона томографија (PET- scen) – прецизна дијагностичка метода

Кај PET снимањата, радиоактивната материја прво се вградува во органски хемиски споеви, најчесто во гликоза, и потоа се вбризгува во телото.

PET дијагностиката се темели на фактот да клетките на ракот трошат повеќе гликоза отколку здравите клетки и затоа во нив се насобира повеќе радиоактивен изотоп. Заболените ткива емитираат поголема количина на позитрони, што на сликата се очитува како промена во бојата или во степенот на осветлувањето.

За разлика од комјутеризираната томографија (КТ) и магнетната резонанца (МРИ), кои ги приказуваат формата и структурата на органите и ткивата, PET снимките ја прикажуваат нивната метаболна активност, па затоа и порано ги откриваат патолошките промени.

PET скенот може да се комбинира со КТ, со што се добива уште подетална слика. Но, PET скенот може да даде и лажни резултати ако пациентот јадел пред снимањето или ако му е нивото на шеќерот во крвта помало или поголемо од нормалното, како што е случај, на пример, кај пациентите со шеќерна болест.

Исто така, важно е на време да се изврши снимањето, бидејќи вбризганата радиоактивната материја многу брзо ја губи својата радиоактивност.

Недостатоци: Бидејќи при PET снимањето се користи мала количина на радиактивна материја и таа брзо ја губи својата радиоактивност, дозата на зрачење при ова снимање е мала. Но сепак, PET – скенот не им се препорачува на бремените жени, поради можното штетно дејство на плодот. Затоа жените кои би можеле да бидат бремени треба за тоа да го информираат својот лекар и персоналот кој го изведува снимањето.

Ако PET скенот се користи во комбинација со КТ, треба да се земат во предвид опасностите поврзани со тој вид на снимање.

Предности: Бидејќи PET снимките не ја покажуваат само формата на органите и ткивата, туку и нивната функција, со оваа дијагностичка метода можат да се откријат промените во ткивата пред да тие можат да се видат на КТ и МРИ снимките.